Турците сакаат „чист фудбал“ и не гледаат и не бираат кого апсат

Претседателот на турската судиска организација, Ферхар Гундогду е уапсен во рамки на полициската истрага за наводна корупција во фудбалот, соопшти денеска турскиот министер за правда, Акин Гурлек.

Освен Гундогду, аупсени се и неговиот заменик и уште пет лица, притоа е извршен претрес во нивните домови и канцеларии.

Полицијата започна истрага за наводно влијание во формирањето на судиските ранг-листи, нивното делегирање, оценување како и на испитите за фудбалски судии.

„Одлучно ја продолжуваме борбата за „чист фудбал“, со што ќе ги расветлиме сите наводи кои ја нарушуваат довербата во турскиот фудбал, а одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, порача Гурлек.

Турската фудбалска федерација (ТФФ) во ноември минатата година суспендира 149 главни и помошни судии откако истрагата покажа стотина професионални судии имале сметки за обложување. Тогаш полицијата уапси 29 лица меѓу кои 14 беа фудбалери, но министерот Гурлек, не ја поврза таа акција со актуелната истрага и денешните апсења.

Се вчитува...