Турците сменија клучно правило поради Жозе Мурињо

Жозе Мурињо пристигна во Фенербахче за да освојува трофеи, а еден месец беше доволен за „специјалниот“ да почне да се жали на критериумот на турските судии, кои според него за миленик го имаат аткуелниот првак Галатасарај. Поради ова, тој со месеци наназад инсистираше следниот дерби дуел со Галата да го судат странски арбитри, нешто на што Турците отпрвин дадоа силен отпор, за денеска да се согласат на идејата на трофејниот португалски стратег.

Галата се уште не знае за пораз сезонава, но на натпреварите на „црвено-жолтите“ беа забележани бројни контроверзи, за ситуацијата да кулминира кога фудбалерите на Аданаспор го напуштија теренот по еден изглумен пенал од страна на Дрис Мертенс.

Мурињо стана уште погласен во своите коментари, ставот на Турската Фудбалска Федерација беше дека странски судии можеа да има само во ВАР-собата, но притисокот вроди со плод и сега е донесена нова одлука – дербито меѓу Галатасарја и Фенербахче закажано за 24 февруари ќе го суди странец.

„За да не ги доведеме нашите судии во тешка положба, за овој натпревар ќе биде ангажиран странски судија од највисок ранг“, потврди првиот човек на федерацијата, Хациосманоглу.

Како што јавуваат турските медиуми, главни кандидати за делење на правдата на оваа „турска фудбалска војна“ се Романецот Иштван Ковач и Словенецот Славко Винчиќ.

Се вчитува...