Турците со евро-гол, но Грузијците со историски прв гол на ЕП имаат позитивен резултат во Дортмунд (ВИДЕО)

Турција има 1-1 по првото полувреме против Грузија во 1. коло од Групата Ф на дуелот кој се игра во Дортмунд.

Турција поведе благодарение на феноменалниот погодок на Мерт Мулдур во 25. минута.

Мулдур извонредно од 18 метри зафати со волеј една одбиена топка, и ја смести под гредата од голот на Грузијците.

Турците во 27. минута, постигнаа и втор погодок преку Јилдиз, но беше поништен по ВАР-интервенција поради офсајд позиција.

Па, потоа следеше тотална доминација на Грузијците до крајот на првото полувреме. Сето тоа резултираше со израмнување на резултатот на 1-1 во 32. минута, кога Микаутадзе го постигна историскиот прв гол за Грузија на европските првенства.

Се вчитува...