И покрај тоа што Австрија тргна крајно офанзивно во вториот, и мирисаше на гол во мрежата на Турција, сепак, уште еден шок за Австријците.
По проверен рецепт како по првиот гол, Гулер од корнер асистира, а Демирал со глава овој пат го матираше Пенц, за предност на Турција од 2-0.
Ако Австрија не успее да постигна брзо гол, тогаш лошо им се пишува, и им се заканува елиминација од ЕВРО 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА