Молдавскиот првак Шериф го одржа официјалниот тренинг на арената „Филип Втори“ во Скопје. Добија и „туширање“ на еден дел од теренот, како освежување пред утрешната ’жешка’ битка со Шкендија. Сега кај Ќатип Османи и неговите фудбалери се префрла топката, тие утревечер (20.15 часот) ќе имаат збор, да кажат што имаат во Лигата на шампионите. Императив за нив е победа без примен гол.
Но, и ’шерифите’ сакаат да не загубат, и да постигнат погодок во мрежата на Захов. Прашање е кој ќе си отиде убаво истуширан…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА