Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа вистински дебакл вечерва на „Олд трафорд“, понижена и декласирана од Англија со 7-0 како никогаш досега од ниту еден противник.
Вистинска катастрофа на теренот доживеаја нашите репрезентативци, а веднаш по мечот почна и сеирот на социјалните мрежи.
На трибините на „Олд трафорд“ беше и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, па дел од коментарите на социјалните мрежи беа дека и доколку играа министрите од ДУИ немаше да примат повеќе од три гола вечерва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА