АП Брера дојде до важна победа од 1-0 против Воска спорт во 27. коло од ПМФЛ благодарение само на голот на младиот Мартин Ѓоргиевски во 92. минута од средбата.
Ѓоргиевски одлично се снајде во судиското продолжение за казна за охриѓани кои не реализираа неколку одлични шанси на дуелот, па на крај мораа да се помират со пораз.
„Пресреќен сум со мојот гол дојдовме до многу важни три бода против Воска. Среќен сум за целата екипа, за максималната борбеност, и мислам дека Господ не награди со тој погодок за победа. Се надевам дека оваа денешна борбеност ќе ни донесе победи и на следните натпревари“ – изјави по натпреварот Ѓоргиевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА