Мароко и Шпанија играат полувреме без голови, но со многу возбудувања. На бранови се менуваат нивните напади, а двете селекции направија само по една шанса, и неколку опасни ситуации по двата гола.
Само еден слободен удар на Мароко преку Хакими до 25. минута, а потоа една опасна ситуација. Најпрво се заканија Шпанците први се заканија преку Асенсио, кој имаше удар одкого од десно, но само за малку крај голот.
Следуваа потоа и минути на Мароко, и Агерд имаше удар со глава крај голот на Симон. Буфал проигра, а Агерд не успеа иако беше во супер позиција.
Меѓутоа Мароко добро се носи во поле со Шпанците, односно е многу агресивен кога Шпанија ќе стигне до 25-30 метри од голот, а очекувано „фуријата“ го има поседот на топката околу 70%.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА