Македонската селекција за фудбалери до 14 години одигра без победник против Словенија и на вториот контролен натпревар одигран во Раденци.
По ремито (2-2) на првиот меѓусебен дуел, двете селекции денеска одиграа 1-1. Нашата репрезентација прва се закани по голот на противникот уште во 4. минута кога Крстевски во 16. минута имаше одлична можност, се најде сам очи во очи со противничкиот голман, но без реализација. Во 18. минута Словенија поведе со 1-0.
Во 52. минута Ристиќ имаше шанса за Македонија, но неговиот удар беше изблокиран во последен момент. Во 80. минута Павлов постигнува еврогол со кој го израмнува резултатот и ги постави конечните 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА