Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 15 години славеше на првиот, од двата предвидени, пријателски натпревар против соодветната селекција на Полска.
На дуелот кој се одигра денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје, избраниците на Добринко Илиевски – Пижон победија со 2-1. Стрелец на двата гола за Македонија беше Бесарт Гучуфи од Вардар.
Селекторот Илиевски за вториот натпревар против Полјаците кој се игра в четврток од 11 часот, исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски, ќе смета и на Дашмир Елези и Георг Стојановски.
СПИСОК НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ДО 15 ГОДИНИ ЗА КОНТРОЛИТЕ СО ПОЛСКА:
Стефан Тасев (ФФМ Акедонија), Васе Василев (ФФМ Академија), Игор Јаневски (Вардар), Никола Павлески (Вардар), Максим Милошевски (Вардар), Бленд Зекири (ФФМ Академија), Енис Буши (ФФМ Академија), Марко Ристов (ФФМ Академија), Мирче Стоилов (ФФМ Академија), Матеј Ангелов (ФФМ Академија), Донарт Ибраими (Работнички), Мите Митев (академија Пандев), Матеј Дордиев (ФФМ Академија), Хамза Меметриза (ФФМ Академија), Бесарт Гучуфи (Вардар), Дашмир Елези (Шкендија), Георг Стојановски (Вардар), Михаил Талевски (ФФМ Академија), Алмир Ода (Рапид Виена, Австрија), Марко Треневски (ФФМ Академија), Виктор Боневски (ФФМ Академија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА