У-15: Пораз од Белорусија на стартот од меѓународниот турнир „Влатко Марковиќ“ во Хрватска

Младата репрезентација на Македонија загуби од соодветната селекција на Белорусија во рамките на првиот меч од силниот меѓународен турнир за фудбалери до 15 години кој се одржува во Хрватска.

Во еден интересен натпревар, полн со возбудувања, отворена игра и шест погодоци, избраниците на селекторот Незат Шабани загубија со 4-2.

Селекцијата на Белорусија одлично го започна натпреварот, ги искористи своите можности и постигна два гола во почетната фаза од средбата. Стрелци на головите беа Захар Баранок и Раџинов Млаџеџев во 14. minuta и во 21. минута. Нашите фудбалери ги консолидираа своите редови, и до крајот на првиот дел успеаа да го изедначат резултатот. Најпрвин Максимилијан Димитриевски успеа да го намали резултатот на 2-1 во 24. минута На 2-2 израмни Алтин Алиу во 29. минута.

Во продолжението од средбата, противникот успеа да постигне уште два гола. Во 46. минута, Руслан Миалковски погоди за предност на Белорусија од 3-2. Раџинов Млаџаџев ги постави конечните 4:2 на средбата, воедно ова беше втор погодок за фудбалерот на Белорусија на денешната средба. Нашите фудбалери можат да жалат за пропуштените прилики кои не ги искористија во второто полувреме.

Вториот натпревар од силниот меѓународен турнир „ Влатко Марковиќ “, нашата репрезентација ќе го игра утре против домаќинот, селекцијата на Хрватска во Карловац, со почеток од 12:15 часот.

БЕЛОРУСИЈА – МАКЕДОНИЈА 4-2

МАКЕДОНИЈА ДО 15 ГОДИНИ: 1. Славе Вргов, 3. Андреј Велков, 4. Кристијан Галевски, 5. Анес Малиќи, 7. Максимилијан Димитриевски, 9. Никола Манојлов, 11. Флакрон Мелиши, 16. Алтин Алиу, 17. Хисар Али, 19. Андреј Величковски, 23. Димитар Порчу;

Селектор: Незат Шабани

Се вчитува...