Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 15 години загуби од САД и Италија во последните два натпревари на „Турнирот на нациите“ кој изминативе денови се одржуваше во Италија.
Македонија во Групата А, по почетното реми против селекцијата на Хрватска (1-1), во второто коло загуби од соодветната репрезентација на САД со 0-2 а потоа во последното коло од натпреварите по групи доживеа пораз и од домаќинот Италија од 0-4.
Во нашата група, првото место го освои САД која во одлучувачкиот меч беше подобра од Италија со 1-0. Македонија го заврши натпреварувањето на третото место во Групата А со еден освоен бод, колку што имаше и Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА