Репрезентацијата на Македонија до 15 години загуби со убедливи 3-0 од домаќинот Молдавија на последниот натпревар на УЕФА развојниот турнир.
На крајот, со скор од две победи и еден пораз Македонија го освои второто место на турнирот.
Во првиот дел Велевски и Крстевски ги имаа најдобрите можности за нашата репрезентација. Михаил Пускашу го отвори резултатот во последната минута од првото полувреме. Во продолжението, истиот играч со гол во 57. минута ја зголеми предноста на својата селекција. Во 86. минута Михаил Багрин ги поставува конечните 3-0.
Во првото коло од меѓународниот турнир, Македонија ја победи Ерменија со 2-1, а во второто коло беше извојувана убедлива победа од 3-0 против селекцијата на Андора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА