Кадетската репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години загуби на првиот натпревар од меморијалниот турнир „Миљан Миљаниќ“ кој во организација на Фудбалскиот сојуз на Србија се игра во Стара Пазова.
Македонија загуби од соодветната селекција на Србија со 0-2. Домашните фудбалери постигнаа голови во 19. и во 84. минута за триумф со кој обезбедија финале на турнирот.
Македонската селекција, пак, во битката за третото место ќе игра со поразениот од дуелот меѓу Црна Гора и Бугарија.
Селекторот на репрезентација на Македонија до 16 години, Дашмир Беари, на меѓународен турнир на располагање ги има следните фудбалери:
Онур Бешир (Шкендија), Игор Ристов (Академија Пандев), Горазд Ристовски (Црвена Звезда), Лука Атанасовски (Вардар), Емир Саботиќ (Вардар), Здравко Перески (Академија Пандев), Хисар Али (Шкендија), Фуркан Хирда (Шкупи), Стефан Младеновски (Црвена Звезда), Каменчо Андоновски (Работнички), Беркај Шаини (Работнички), Павел Трајковски (Македонија Ѓ.П.), Никола Ангелов (Академија Пандев), Златко Радевски (Вардар), Милош Спасовски (Вардар), Елдин Рамани (Работнички), Адмир Латифи (Македонија Ѓ.П., Давид Ивановски (Сент Гален, Швајцарија), Тома Георгиевски (Њу Старс), Петар Митревски (Саса Каменица).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА