У-16: Македонија подобра од Летонија во првиот тест

Македонската репрезентација до 16 години, ја совлада селекцијата на Летонија со 2-1 во првиот од двата контролни натпревари одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Македонската селекција поведе со гол на Медин Емини. Емини остана сам во мешаницата пред голот на Летонците, и само ја спроведе топката во празната мрежа.

Три минути подоцна Летонците израмнија преку Харламовс. Доби топката од левата страна, и прецизно стрелаше во мрежата на нашата селекција.

На второ водство Македонија чекаше до 83. минута кога прекрасен гол постигна Велески. Доби топка и проби по десната страна, влезе во шеснаесетникот и со лева нога ја смести топката во горниот десен агол од голот на противникот за предност и за конечна победа.

Се вчитува...