Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години загуби од соодветната селекција на Словачка со 1-2 во првиот од двата пријателски натпревари кои се играат во Скопје.
Словаците дојдоа во предност во 58. минута, со голот на Адам Рајноха. Давид Полтак зголеми на 0-2 во 61. минута, а Македонија намали на 1-2 во 77. минута со голот на Кристијан Марковски.
Македонија во финишот можеше да дојде и до реми но во 89. минута не успеа да реализира и удар од белата точка.
Вториот пријателски натпревар со Словаците се игра на 11. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА