Младата репрезентација на Македонија до 16 години загуби со минимални 2-1 од соодветната селекција на Азербејџан на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Скопје.
На тренинг центарот „Петар Милошевски”, избраниците на селекторот Дашмир Беари имаа предност со 1-0 до пред самиот крај на мечот, но противникот со два брзи гола успеа да направи комплетен пресврт и да издвојува победа.
Сите погодоци беа постигнати во второто полувреме. Македонија во 60. минута преку Хисар Али поведе со 1-0. Во 87. минута Фарзулијаев го израмнува резултатот. Истиот играч во последната минута од судиското продолжение постигнува нов погодок за предност и победа на селекцијата на Азербејџан.
Македонија: Игор Ристов, Лука Атанасовски, Здравко Перески, Хисар Али, Каменчо Андоновски, Беркај Шаини, Онур Бешир, Никола Ангелов, Милош Спасовски, Адмир Латифи, Давид Ивановски;
Селектор: Дашмир Беари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА