У-16: Реми на селекцијата на Марио Вујовиќ за крај на тестовите во Кипар

Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 16 години ремизираше (1-1) против домаќинот Кипар на вториот контролен натпревар за време на подготовките на островот на Средоземното море.

Селекцијата на Марио Вујовиќ на вториот меч против Кипраните поведе со голот на Костески во 31. минута, но домашните израмнија за конечни 1-1 со голот на Кристодулу во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме.

Во првиот меѓусебен меч, Македонија победи со 4-3 благодарение на погодокот на членот на новосадска Војводина, Владан Новевски кој настапува и за репрезентацијата до 17 години која токму со еден негов гол во квалификациите се избори за елитни квалификации на УЕФА во Полска.

U16

Репрезентацијата до 15 години, пак, загуби и на вториот меч со Кипраните. По оние 0-1 од првиот дуел, сега нашата селекција загуби со 1-3.

Се вчитува...