Македонската репрезентација за фудбалери до 16 години славеше победа од 2-0 против соодветната селекција на Албанија на контролниот натпревар кој се одигра во Охрид.
Нашата младинска селекција одигра одличен натпревар и сосема заслужено оствари сигурна победа против албанската селекција, која претходно ја совлада силната Швајцарија.
Ристиќ во 46. минута и Спироски во 55. минута беа стрелци на головите за репрезентацијата предводена од Иљами Исејни.
Во првото полувреме, Спироски и Велески беа во шанса за отворање на резултатот, но поуспешен беше гостинскиот голман. Бочевски во 81. минута ја погоди пречката од голот на Албанија. Велески асистираше за водечкиот гол, а Ристиќ додаде за нашиот втор погодокот.
Македонија на дуелот настапи во следниот состав: Димитар Петров, Михајло Павлов, Матеј Бочевски, Филип Ѓорѓиоски, Амар Акики, Лука Спироски, Дардан Адеми, Стефан Ристиќ, Илија Аксентиев, Огнен Сивевски, Адриан Велески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

