У-17: Дебакл од Грузија за крај на квалификациите во Полска

Кадетската репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години доживеа убедлив пораз од 1-6 од Грузија во последниот натпревар од УЕФА елитните квалификации за пласман на ЕП.

По претходните порази од Р. Ирска и од Полска, Македонија турнирот кој се играше во Полска го заврши со три порази и со само еден постигнат погодок, овој денешниот на Давид Тошевски во 81. минута од средбата.

Грузијците победата ја најавија уште во првото полувреме со три гола на Давиташвили и еден на Гулиашвили за 0-4 по првиот дел. Во второто полувреме, Давиташвили во 45. минута од пенал зголеми на 0-5, а Кваратчкелиа донесе 0-6 за Грузија. На крајот следеше голот на Тошевски за конечни 1-6.

Во вториот натпревар од групата Ирска го совлада домаќинот Полска со 1-0 и обезбеди директен пласман на ЕП.

Се вчитува...