У-17: Девојките со голот на Наумоска ја победија Грузија во Лигата Б

Македонската женска репрезентација за фудбалерки до 17 години триумфираше со 1-0 против Грузија во натпреварот од втората рунда од Лига Б-квалификациите за ЕП.

На дуелот кој се одигра на спортскиот комплекс „Пандев“ во Струмица, македонските девојки беа подобри од Грузијките.

Победата за Македонија ја донесе Наумоска со голот во 70. минута од средбата.

Во вториот меч од групата Северна Ирска го победи Луксембург со 4-1. Во следното коло, Македонија ќе се соочи со Луксембург, а потоа и со Северна Ирска, на дуелите во Струмица.

Се вчитува...