Македонската репрезентација до 17 години денеска ги започнува подготовките за квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза за пласман на ЕП. Турнирот ќе биде одигран во Република Ирска во периодот од 7. до 13. октомври, а покрај нашата селекција учествуваат домаќинот, Република Ирска, Полска и Андора.
Првиот натпревар избраниците на селекторот Тони Јакимовски го играат против Полска на 7. октомври, три дена подоцна се соочуваaт со Република Ирска. Последниот меч го играме со Андора на 13. октомври.
„Претходните контролни турнири и пријателски натпревари ни помогнаа многу да ја подобриме нашата игра и да ја зголемиме самодовербата. Во Република Ирска не очекуваат тешки натпревари, играме против квалитетни репрезентации. Веруваме во нашите можности, можеме да се носиме со сите селекции во групата. Првиот дуел со Полска ќе биде клучен за нас, знаеме како да одиграме против нив, имаме издвојувано победа на последната меѓусебна пресметка. Мал проблем претставува отсуството на напаѓачот Алекс Митров, фудбалерот не доби дозвола од клубот Јанг Бојс. На негово место е повикан Леин Таири од германски Шалке. Поседуваме квалитет и потенцијал, тоа сакаме да го докажеме на овие натпревари“ – вели селекторот Тони Јакимовски.
СПИСОКОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДО 17 ГОДИНИ:
Голмани: Самоил Талевски (Академија Пандев), Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.), Диел Доку (Њу Старс).
Oдбрана: Симеон Здравковски (Вардар), Даниел Марковски (Хелсенборг, Шведска), Андреј Аризанковски (Победа), Марко Стојилевски (Вардар), Анес Малиќи (Шкендија), Хадис Таири (Њу Старс), Матеј Јаневски (Работнички);
Среден ред: Амир Нухија (Шкендија), Мартин Ѓорѓијевски (Академија Пандев), Адриан Зенделовски (Малме, Шведска), Мухамед Елмас (Работнички), Кире Стојанов (Академија Пандев), Зона Назифи (Шкендија), Омерфарук Сулејман (Шкупи), Азис Јамини (Ренова), Стефан Тодоровски (Њу Старс);
Напад: Никола Манојлов (Работнички), Леин Таири (Шалке, Германија).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА