Македонската кадетска репрезентација за фудбалери до 17 години ремизираше без голови против селекцијата до 19 години на Малта во пријателскиот натпревар кој денеска се одигра во Малта.
И покрај генерациската разлика, македонските фудбалер против повозрасните противници одиграа натпревар со повеќе шанси за триумф. Но, домаќините успеаја да се одбранат.
За време на подготовките во Малта, македонската репрезентација под водство на Марио Вујовиќ ќе одигра уште два тест дуели, но со селекцијата до 17 години на домаќинот. Пријателските натпревари се во рамките на подготовките за квалификациите за ЕП кои ќе се одржат во Скопје. Македонија е во група со Шпанија, Израел и Фарските острови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА