Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години триумфираше убедливо со 9-0 против Гибралтар во последниот натпревар од квалификациската група 2 за пласман на ЕП, и успеа да дојде до втората позиција на табелата што носи во следната фаза од квалификациите во елитната Група А.
Македонската селекција без апсолутно никакви проблеми, сосема очекувано, триумфираше против Гибралтар на дуелот кој се одигра на стадионот на Хоризонт Турново во Турново.
Папалиски постигна хет-трик за Македонија, со головите во 23., 44. и 68. минута, Џангаровски стрелаше во 56. минута и во 61. минута од пенал, а по еден гол постигнаа Љачка, Михајловски, Цветковски и Мамути во 89.минута.
Македонија заврши на второто место на табелата, благодарение на подобрата гол-разлика од Унгарија која денеска загуби убедливо од Чешка со 0-7.
Па, Чешка и Македонија продолжуваат во елитната фаза од квалификациите во Лигата А до 17 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

