Македонската репрезентација за фудбалери до 17 години загуби попладнево од Бугарија со 1-3 во натпревар за третото место на меѓународниот турнир „Миљан Миљаниќ“ во Србија.
Откако Бугарите поведоа со головите на Кристијан Бојчев и Роберто Рајчев, капитенот на македонската селекција Мартин Ѓорѓиевски во 68. минута го намали водство на противникот на 2-1, но противниците преку Виктор Василев во финишот на мечот ја заверија победата.
Македонија, на крајот го освои четвртото место на силниот меѓународен турнир „Миљан Миљаниќ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА