Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години со пораз ги заврши настапите во Групата 1 од Б-лигата во квалификациите за ЕП.
На турнирот кој се играше во Шкотска, избраниците на Димитар Капинковски денеска во 3. коло загубија убедливо од Романија со 0-3. Претходно, како што е познато, ремизиравме со домаќинот Шкотска (1-1) а го победивме Лихтенштајн со 1-0.
Романците победија со головите на Георге во 25. минута, Подолеану во 45. минута и Попеску во 90. минута. Македонија не реализираше пенал преку Дамјановски во 28. минута. И Романците во 17. минута не успеаја да погодат од белата точка.
Македонија на крај заврши на третото место во групата со 4 бода, зад Шкотска со 7 бода и Романија со 6 бода. Единствено првопласираната Шкотска обезбеди пласман во А-лигата во квалификациите за ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА