Репрезентацијата на Македонија до 17 години денеска на Сентинари во Та’Али ремизираше (1-1) со домаќинот Малта на последниот натпревар од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП.
Избраниците на селекторот Дашмир Беари во поголемиот дел од натпреварот имаа игра и водство, но противникот во последните мигови од средбата успеа да постигне погодок за израмнување на резултат.
Македонија поведе преку Етоски во 38. минута од мечот сосема заслужено, со оглед на подобрата игра во текот на првото полувреме. Во продолжението, односно во 91. минута, селекцијата на Малта преку Мелило израмни за конечни 1-1
Македонија настапи во следниот состав: Радевски, Ристовски, Атанасовски, Саботиќ, Андоновски, Асланни, Латифи, Локи, Етоски, Јакупи. Селектор: Дашмир Беари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА