Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години доживеа нов убедлив пораз и во второто коло од претквалификациската група за пласман на ЕП.
По поразот од Словачка од 4-0 на стартот, овој пат кадетите загубија со 5-0 и од Шпанија со што ги загубија сите шанси за едно од водечките две позиции во групата и пласман во елитната фаза од квалификациите за ЕП.
Винета Пуенте и Пол Дуран уште со головите во 5. и во 8. минута јасно дадоа до знаење за силата на Шпанците, кои до крајот со уште два гола на Пуенте и еден на Фернандез Дуран дојдоа до конечните 5-0.
Македонија во последното коло од претквалификациите против домаќинот Малта ќе игра чисто за избегнување на последното место во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА