Нов одличен меч за македонската репрезентација до 17 години во 2. коло од елитната фаза од квалификациите за ЕП, но нов несреќен пораз, овој пат од моќната Франција.
Избраниците на Влатко Колев одиграа рамноправен натпревар со Французите, но загубивме со 2-1 по голот на противниците во 63.минута од средбата.
Во првиот дел Македонија почна далеку подобро и поведе со 0-1 со голот на Џангаровски во 22. минута, но Франција израмни во 23. минута со голот на Лафунду.
Во 63. минута Французите дојдоа до нов гол преку Амуш во 63. минута за конечни 2-1.
По водството на „триколорите“ Македонија постојано атакуваше кон противничкиот гол, имаше неколку извонредни можности, Цветковски ја погоди и пречката во 83. минута, но не успеавме да дојдеме до израмнување.
Во првото коло, претходно Македонија исто така со 2-1 загуби и од селекцијата на Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

