У-17: Одлична игра против Австрија, испуштен триумф во последните минути

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години испушти можност за победа над соодветната селекција на Австрија на вториот тест-дуел кој го одигравме на гостински терен.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски може да жалат за пропуштената можност за победа, на крајот ремизирајќи 1-1 во натпревар во кој Македонија одигра далеку подобро од противникот.

Квалитетното издание донесе предност за Македонија со голот на Ливорека во 53. минута. Сепак, Австрија успеа да дојде до реми на мечот за конечни 1-1 со голот на Шарнер од пенал во 80. минута од средбата. Македонската селекција последните минути ги одигра и со фудбалер помалку по исклучувањето на Нухија во 88. минута.

Се вчитува...