Македонската репрезентација до 17 години со победа од 2-0 против Саудиска Арабија го отвори развојниот УЕФА турнир кој во организација на ФФМ се игра во Скопје, а на кој учестуваат и селекциите на Азербејџан и Грузија. Грузијците славеа со 2-0 во пресметката со Азербејџан.
Македонската селекција предводена од Горан Станковски одигра добар натпревар против Саудиска Арабија. Победникот беше решен во второто полувреме со головите на Емир Саитовски во 62. минута и Бехар Фета во 74. минута. Нашата репрезентација имаше уште две добри можности преку Саитовски и удар со глава на Георг Стојановски кои останаа нереализирани.
За репрезентацијата на Македонија играа: Стефан Митрев, Абдулах Хасани, Борче Гогов, Гордијан Христовски, Стојан Георгиев, Дарко Стојановски, Октај Ракипи, Бехар Фета, Мартин Талаков, Рамиз Беровиќ, Дашмир Елези; Душан Герасимовски, Љавдрим Ибрахими, Филип Ѓоргоски, Грегори Давков, Салих Муслиоски, Христијан Георгиевски, Емир Саитовски, Васко Глигоров, Георг Стојановски.
Македонија вториот меч го игра в недела против Грузија со почеток од 15:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА