У-17: Пораз и од Шпанија на „Мерцедес бенц купот“ во Турција

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години загуби и на вториот натпревар на „Мерцедес бенц купот“ кој се одржува во Турција.

Избраниците на Горан Станковски загубија од селекцијата на Шпанија со 0-2. „Црвената фурија“ до победата дојде со головите на Луис во 12.минута и Салазар во 47.минута.

Претходно, во првото коло на турнирот Македонија загуби и од Русија убедливо со 0-4.

Македонија во четврток го игра последниот натпревар од Групата Б на турнирот против Б селекцијата на домаќинот Турција.

Се вчитува...