У-17: Пораз од Полска на стартот од претквалификацискиот турнир за ЕП

Младата македонска репрезентација за фудбалери до 17 години со пораз (2-3) од домаќинот Полска го стартуваше претквалификацискиот циклус за пласман во елитната фаза од квалификациите за пласман на ЕП.

На турнирот кој се игра во Полска, македонската селекција одигра во најмала рака рамноправен натпревар со Полјаците, не заслужувајќи пораз, но дозволивме домашните фудбалери да стигна до триумф со пресврт.

Македонија поведе со голот на Филип Ѓорѓиоски во 19. минута, но домашните израмнија преку Балцевич во 29. минута. Македонската селекција потоа не искористи две одлични можности преку Таласков и Таипи, по што следеше пресвртот за водство на Полска од 3-1 со головите на Куштал во 62. минута и Козловски во 70. минута. Конечните 3-2 ги постави Саитовски во финишот од средбата.

Македонските надежи денеска загубија со пресврт откако по само 19 минути преку Филип Ѓорѓиоски дојдоа во водство по асистенцијата на Кристијан Трајковски, но радоста им траеше само десет минути. Филип Балцевич израмни во 29-та минута на асистенција на Радослав Циелемицки и потоа после две одлични шанси кои не ги искористија Мартин Талаков во 35-та и Албан Таипи на стартот на вториот дел во 46-та, следуваше казна.

Во вториот натпревар од групата Белгија славеше против Лихтенштајн со 12-0. Токму Белгија е следен противник на Македонија на дуелот во сабота кој се игра од 11 часот.

Пласман во елитната фаза од квалификациите обезбедуваат првите две селекции од секоја група и најдобрите четири третопласирани.

Се вчитува...