Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години ремизираше без голови на првиот од двата предвидени тестови со БиХ во рамките на подготовките за елитните квалификации за пласман на ЕП.
Избраниците на Горан Станиќ на тестот кој се одигра на стадионот на спортскиот центар „Петар Милошевски“ беа далеку подобар противник од врсниците од БиХ, но не успеаја да стигнат до погодок пред се поради извонредните интервенции на гостинскиот голман.
Во второто полувреме и гредата ги спаси гостите по одличниот шут на фудбалерот на новосадска Војводина, Владан Новевски.
Македонија на дуелот против БиХ настапи во следниот состав: Андов, Јанкулов, Личина, Скоко, Митревски, Јонузи, Трпчевски, Даути, Хајдари, Тодоровски и Мухарем. Уште играа и Трпчевски, Новевски, Колашинац, Елези, Таири, Тошевски и Ибиши.
Вториот пријателски натпревар меѓу двете репрезентации се игра во четврток со почеток од 11 часот, исто така на комплексот „Куќа на фудбалот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА