Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години ремизираше (1-1) на првиот од двата предвидени контролни натпревари со соодветната селекција на Кипар.
На дуелот кој се одигра во Никозија, Македонија поведе во првото полувреме со 0-1, но домаќините успеаја да израмнат со гол во финишот на средбата. Следниот тест дуел меѓу двете селекции е во четврток (3. октомври).
Двата тест-натпревари се последна проверка за избраниците на Рааде Каранфиловски пред квалификациите за пласман на ЕП кои се играат во втората половина на октомври во Исланд.
Селекторот Раде Каранфиловски за дуелите со Кипар располага со следните фудбалери: Антониј Трајковски, Стефан Стаматовски, Александар Трајков, Ристе Стоилов, Матео Кесиќ, Давид Ангелевски, Лорент Жаку, Блерон Бајрами, Александар Грашески, Бленди Ганиу, Алекс Запончек, Ненад Дамјановски, Христијан Јевтовски, Јован Мрмачовски, Флорент Османи, Алек Сиваков, Кристијан Марковски, Мартин Џангаровски, Стефан Бранковски, Андреј Ристовски, Иво Марковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА