Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 17 години триумфираше со убедливи 4-0 против Лихтенштајн во последниот натпревар од претквалификациите во Групата 1 за пласман во елитната квалификациска фаза за место на ЕП.
Македонија победи со головите на Таипи во 36. минута, Фета во 45. минута и Саитовски во 50. и во 89. минута.
Оваа победа ги остава надежите за македонската селекција да обезбеди елитна фаза од квалификациите како најдобра третопласирана репрезентација. Од нашата група елитна фаза веќе обезбедија Белгија и Полска како првопласирани две селекции.
Од вкупно 13 претквалификациски групи, четири најдобри третопласирани репрезентации ќе обезбедат елитна квалификациска фаза. Македонија, од досега четири одиграни групи, има најдобар ефект од третопласирани селекции. Останува да се одиграат оваа есен уште 9 групи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА