Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години доживеа и втор убедлив пораз во УЕФА елитните квалификации за ЕП кои се играа во Полска.
Избраниците на Горан Станиќ, по поразот од Р. Ирска од 3-0, денеска со идентични 3-0 загубија и од домаќинот Полска.
Полјаците поведоа со голот на Зук во 30. минута, а потоа во вториот дел стрелаа и Бида во 67. минута и Рихерт во 73. минута за конечни 3-0.
Мора да се истакна дека во првиот дел при почетни 0-0, и беше поништен регуларен гол на македонската селекција.
Со овој пораз завршија надежите на кадетите за евентуален пласман на ЕП. Во последното коло се среќаваме со Грузија која денеска загуби со 2-0 од Р. Ирска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА