Македонската репрезентација до 17 години, денеска е поразена со 3-0 во првиот од двата пријателски натпревари против Црна Гора.
Натпреварот одигран во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“ беше отворен со гол на Црногорците во 28. минута од страна на Кривокапиќ.
Во вториот дел уште два гола во мрежата на Македонија. Во 58. минута Радојевиќ носи 0-2, а две минути подоцна Кривокапиќ од слободен удар постигна гол за 0-3.
Следниот меч меѓу истите репрезентации се игра во четврток во 11 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА