Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години доживеа убедлив пораз од Израел во 2. коло од претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП кој се игра во Скопје.
По минималниот пораз од Шпанија, избраниците на Марио Вујовиќ денеска на тренинг центарот на ФФМ загубија со 4-1 од Израел, и покрај тоа што имаа водство од 0-1 по првото полувреме. Сепак, Израелците одиграа далеку поквалитетно во вториот дел и сосема заслужено стигнаа до конечната победа.
Македонија поведе со голот на Фета во 33. минута. Израелците до победата стигнаа со головите на Харуш во 52. минута, Габај од пенал во 55. минута, и двата гола на Торгеман во 77. и во 79. минута.
По овој пораз, загубени се шансите за второто место во квалификациската група кое носи во елитната фаза од квалификациите за ЕП.
Последниот натпревар на турнирот Македонија го игра во петок (26. октомври) против Фарските острови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА