У-17 Ждрепка за елитните квалификации за ЕП: Македонија во група со Германија, Франција и Словенија!

Извлечена е ждрепката за втората рунда елитни квалификации за пласман на Европското првенство за фудбалери до 17 години.

Македонската репрезентација до 17 години, која се избори за Лига А и главните квалификации за ЕП, се најде во Групата 1, „група на смртта“ заедно со репрезентациите на Германија, Франција и Словенија.

Сите 54 учесници, вклучувајќи го и домаќинот на завршниот турнир Естонија, започнаа претходно во првото рунда квалификации, од кои 28 селекции се најдоа во Лигата А, а преостанатите 26 нации ќе играат во Лигата Б. Естонија, ќе игра во Лигата Б, но нивното место на ЕП е веќе обезбедено како домаќини.

Елитната рунда ќе се игра на пролет следната година во седум пооделни групи од по четири репрезентации, како мини-турнири со еден домаќин, а соодветните домаќини ќе бидат договорени по ждрепката.

Само првопласираните репрезентации од секоја група ќе обезбедат место на ЕП 2026, на завршниот турнир од 25 мај до 7 јуни, а селекциите ќе се борат и за местата од европскиот континент на Светското првенство на ФИФА до 17 години во Катар во 2026 година. Екипите во двете лиги од второто коло ќе играат за промоција и испаѓање меѓу лигите пред првото коло на ЕУРО до 19 години 2027/28.

ЕЛИТНИ КВАЛИФИКАЦИИ – У-17 Лига А

Група А1: Германија, Франција, Словенија, МАКЕДОНИЈА

Група А2: Исланд, Португалија, Италија, Романија

Група А3: Шведска, Црна Гора, Грција, Норвешка

Група А4: Чешка, Казахстан, Австрија, Данска

Група А5: Белгија, Кипар, Србија, Швајцарија

Група А6: Шпанија, Турција, Шкотска, Северна Ирска

Група А7: Република Ирска, Словачка, Хрватска, Полска

Се вчитува...