Репрезентацијата на Македонија за фудбалери до 18 години од 14. до 16. ноември во Ниш ќе одигра два пријателски натпревари со соодветната селекција на Србија.
Оваа генерација фудбалери, предводена од селекторот Горан Станиќ, ги активира на тој начин всушност подготовките за квалификациите за селекции до 19 години кои ја очекуваат од следната година.
Актуелната репрезентација до 19 години, пак, во моментов се подготвува за претквалификацискиот турнир кој ја очекува до крајот на годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА