У-18: Македонија поразена од БИХ

Репрезентацијата на Македонија за играчи до 18 години, загуби на првиот пријателски натпревар против селекцијата на БИХ со 3-1.

После првиот дел немаше голови, а во вториот се случија сите четири голови.

БИХ поведе на стартот на вториот дел, а потоа дојдоа и до 0-2. Дамјаноски успеа да намали и да донесе неизвесност во финишот, но сите дилеми околу победникот беа отстранети кога гостинската репрезентација брзо стигна до 1-3.

Овие две селекции ќе одиграат и втор „тест“ задутре во 11:00 часот.

Се вчитува...