Младата репрезентација на Македонија до 18 години денеска го одигра првиот од двата контролни меча против соодветната селекција на Романија. На тренинг центарот Буфтеа, избраниците на селекторот Тони Јакимовски одиграа нерешено (1-1).
По првите 45 минути, мрежите мируваа. Македонија се закани неколку пати посериозно по голот на домаќинот. Во 37. минута Митров имашe добра позиција, но биеше покрај голот на противничкиот голман. Во последната минута од првото полувреме, Саити пропушти одлична можност за погодок.
Во продолжението и Ливорека имаше одлична можност, но биеше покрај голот. Две минути подоцна, нова добра шанса за Македонија. Одличниот продор и додавање на Аризанковски не успеа да го искористи Митров. Ударот на нашиот фудбалер беше одбранет од домашниот голман.
Македонија сосема заслужено поведе во 65. минути со голот на Никола Величковски. Романија во 73. минута успеа да го изедначи резултатот и да ги постави конечните 1-1.
МАКЕДОНИЈА: Петар Јакимов, Хадис Таири, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Кире Стојанов, Зани Назифи, Адриан Зенделовски, Алекс Митров, Андреј Аризанкоски, Теодор Николовски, Фиктрет Ливорека.
Селектор: Тони Јакимовски
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА