Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 18 години славеше против соодветната селекција на БиХ со 1-0, на пријателскиот натпревар кој се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Македонските надежи им се реваншираа на Босанците за поразот на првиот меѓусебен дуел пред два дена. Стрелеци на победничкиот погодок за Македонија беше Марио Илиевски во 75. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА