Младата репрезентација на Македонија за играчи до 18 години загуби од Норвешка со 1-3 (1-2) на последниот натпревар на турнирот „Четири нации“ во Рига, освојувајќи го на крајот третото место.
По ремито со Украина (1-1) и победата над Летонија (3-1) овој пат избраниците на Вујадин Станојковиќ беа инфериорни против Норвежаните кои беа подобри во текот на целата средба сосема заслужено стигнувајќи до триумфот. Македонија на дуелот со Норвешка играше без еден од своите најдобри млади фудбалери Дарко Чурлинов кој од денеска треба да се приклучи на сениорската репрезентација на Игор Ангеловски за пријателскиот натпревар со Белорусија.
Македонија на денешниот дуел против Норвешка настапи во следниот состав: Стевковски, Тодоровски, Антовски, Ристовски, Феруковски, Фазлагиќ, Делевски, Митрев, Трапановски, Митровски и Богдановски. А, играа уште и Колевски, Зејнуали и Маневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА