У-18: Реми на првиот контролен натпревар со Словачка

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 18 години ремизираше (1-1) на првиот пријателски натпревар со соодветната селекција на Словачка одигран денеска на теренот на тренинг-центарот на ФФМ во Скопје.

Словаците дојдоа до водство со голот на Павлик во 54. минута, но Македонија израмни со голот од пенал на Али во 77. минута од средбата.

Вториот тест дуел на избраниците на Ерхан Селимисо Словачка е закажан за четврток (17 април), со почеток од 13 часот.

Се вчитува...