Пораз на македонската репрезентација до 18 години на вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Црна Гора. По триумфот пред два дена од 1-0, избраниците на Вујадин Станојковиќ сега во ефикасна фудбалска претстава загубија со 3-4.
Црна Гора максималано ги користеше грешките на одбраната на македонските репрезентативци. И кога се чинеше дека по предноста од 0-4 лесно ќе стигне до победата, малку недостасуваше нашите репрезентативци да направат целосен резултатски пресврт. Првиот гол за момчињата во „жолта опрема“ го постигна Енис Фазлагиќ од пенал во 61. минута . Потоа следуваше евро голот на Диме Митровскиво 63. минута со полуволеј од 17. метри и погодокот на Кирил Ристовски со глава во 72. минута. Во финишот на средбата Митровски се најде очи во очи со противничкиот голман, но големата шанса остана без реализација. Головите за гостинските фудбалери ги постигнаа: Вукотиќ Илија од пенал (1. минута) , Павле Крстовиќ ( 49. и 59. минута) и Алекса Мирушиќ (58. минута).
Македонија- Црна Гора 3-4 (0-1)
Македонија: Артан Иљази, Тодор Тодоровски, Мерис Факиќ, Филип Стојчевски, Антонио Митрев, Кирил Ристовски, Марко Феруковски, Енис Фазлагиќ, Арбин Зејнулаи, Димитар Митровски и Кристијан Трапановски. Резерви: Христијан Стевковски, Михаил Маневски, Бане Маневски и Бојан Колевски.
Црна Гора: Филип Ѓукиќ, Радуле Крупановиќ, Никола Ќумбуровиќ, Јован јаблан, Мирза Хот, Павле Крстовиќ, Алекса Марушиќ, Огњен Стијеповиќ, Звонко Цеклиќ, Илија Вукотиќ и Владан Бобоња.Резерви: Максим Миловиќ, Мартин Пренковиќ, Василије Терзиќ. Милош Зечевиќ, Анџелко Јовановиќ, Милош Дринчиќ, Огњен Пелиќ и Божидар Бујша.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА