Македонската репрезентација до 18 години загуби со 5-1 на возвратниот контролен натпревар против врсниците од Србија на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Нашата младинска селекција поведе со 1-0 со погодокот од слободен удар на Дамјан Трајановски во 7. минута. Сепак, гостинските фудбалери по само 15. минути направија пресврт и со головите на Александар Дељанин во 12. минута и Вукашин Богдановиќ во 15. минута дојдоа до предност од 2-1.
Во второто полувреме Србија беше подобар противник и со вториот гол на Богдановиќ поведе со 3-1. Македонската репрезентација при негатива од 1-3 не искористи пенал во 65. минута, односно Хамза Рамани го погоди дирекот од гостинскиот гол. Добри можности за намалување на предноста не искористивме и преку Фета и Адеми. До крајот од натпреварот Србија со головите на Чолиќ и Јакојевиќ стигна до убедлива победа од 5-1.
Првиот натпревар меѓу двете селекции заврши со победа на Србија од 1-0.
Македонската репрезентација предводена од селекторот Шкумбин Арслани натпреварот го започна во следниот состав: 12. Иван Николовски, 3. Аљтрим Јакупи, 5. Александар Ѓурковски, 7. Бехар Фета, 8. Иван Николов, 10. Лука Станковски, 13. Бенјамин Далипи, 15. Имран Фетаи, 16. Луан Абази, 20. Фитон Адеми, 23. Дамјан Трајановски; Уште играа и: 1.Кристијан Китановски, 2. Јасин Муше, 4. Виктор Крстевски, 6. Спасе Терзиев, 9. Азер Омерагиќ, 11. Методи Максимов, 14. Адас Рамадани, 17. Анатолиј Петејчук, 18. Љавдрим Љатифи, 19. МАрио Илиевски, 21. ХАмза Рсамани, 22. Кире Новаков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА