У-19: Девојките ја победија Литванија за избегнување на „фенерот“ на Европското првенство

Младата македонска репрезентација, за ракометарки до 19 години, на крајот го освои претпоследното, 23. место, на Европското првенство откако во натпреварот за избегнување на „фенерот“ на шампионатот славеше против Литванија со 39-38.

Низ максимално израмнет натпревар, македонските девојки се стекнаа со минимална предност од еден гол во првото полувреме (20-19), која ја сочуваа до крајот. Иако во вториот дел на осум минути до крајот имаа и предност од цели шест гола разлика (39-33). Но во последните минути дозволија серија од 0-5 на противничките, која за среќа на ја загрози победата.

 

Се вчитува...