Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години загуби од соодветната селекција на Грузија со 3-4 (2-2) на пријателскиот натпревар во рамките на подготовките за квалификациите за ЕП.
На теренот на ФФМ, младите избраници на Горан Станиќ беа максимално рамноправни со Грузијците во текот на 90 минути, но дозволија погодок во 93. минута за триумф на противникот.
Претходно, Македонија поведе со голот на Јанкулов во 20. минута. Откако потоа Грузијците израмнија, Спахиу погоди за 2-1, но противникот израмни пред полувремето.
Во второто полувреме Гулашвили во 70. минута донесе водство за гостите, за да моментот на натпреварот следи во 75. минута кога фудбалерот на новосадска Војводина, Владан Новевски постигна евро-гол директно од слободен удар од околу 22 метри за 3-3. Сепак, Чарушвили во 93. минута стрелаше за 3-4 и победа на Грузија.
Македонија нa денешниот натпревар настапи со Китановски, Јанкулов, Даути, Митревски, Ѓурковски, Максимов, Спахиу, Манев, Николов и Новевски. Резерви беа Андов, Димоски, Мурати, Ристовски, Николовски и Бесир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА